• Thomas Edison.
  • Petter Higgs.
  • Werner Heisenberg.
  • Albert Einstein.

Announcements

СООПШТЕНИЕ ! (29.08.2023)

There are no translations available.

СООПШТЕНИЕ 29.08.2023

Соопштение за селекционите натпревари за 20-та Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2023)

Во текот на летото 2023 година се одржаа два селекциони натпревари за избор на тимот ученици кои ќе ја претставуваат Македонија на  20. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2023), која ќе се одржи во Бангкок (Тајланд), од 1 до 10 декември 2023 година.

На привиот селекционен натпревар (3.7.2023, ПМФ во Скопје) беа поканети и учествуваа најдобро рангираните ученици од основните училишта на државните натпревари по физика, хемија и биологија. Од повиканите 74 ученици на натпреварот учествуваа 41 ученик. Пласман за понатаму изборија 23 ученици.

На вториот селекционен натпревар (Шеста македонска олимпијада по природни науки) учествуваа 22 натпреварувачи. Учениците решаваа теоретски проблеми и нумерички задачи од три области (физика, хемија и биологија) според содржините во програмата за олимпијадата. Од рангираните ученици, првите 6 натпреварувачи ќе ја претставуваат Македонија на олимпијадата. Тоа се учениците:

1. Андреа Нешковска, ученичка во девето одд. во ООУ „Св.Кирил и Методиј“ во Битола.

2. Даниел Христовски, ученик во девето одд. во ООУ „Јан Амос Коменски“ во Карпош.

3. Ивано Божиновски, ученик во девето одд. во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром.

4. Андреј Доневски, ученик во девето одд. во ООУ „Кочо Рацин“ во Куманово.

5. Елена Јовановиќ, ученичка во девето одд. во ООУ „11 Октомври“ во Центар.

6. Мила Порјозоска, ученичка во осмо одд. во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром.

На сите ученици што учествуваа на селекционите натпревари и на нивните ментори им го честитаме успехот, а со олимпијците продолжуваме понатаму во очекување на достојно и успешно претставување на Македонија на оваа престижна олимпијада.

Друштво на физичарите на Република Македонија

СООПШТЕНИЕ ! (7.07.2023)

There are no translations available.

СООПШТЕНИЕ 7.07.2023


Се известуваат учениците кои на Првиот селекционен натпревар по природни науки изборија пласман, дека Вториот селекционен натпревар по природни науки, на кој ќе се одбере тим кој ќе учествува на 20. Меѓународна олимпијада по природни науки во Тајланд, ќе се одржи на 23.08.2023 година (среда), со почеток од 10 часот на Природно-математичкиот факултете во Скопје (учениците да бидат пристигнати во Горна зграда најкасно до 9.30 часот).

Со почит

ДФРМ, СХТМ, МБД

СООПШТЕНИЕ 3.07.2023

По одржаниот Прв селекционен натпревар по природни науки на Природно - математичкиот факултет во Скопје, следниве ученици се покануваат на Вториот селекционен натпревар кој ќе се одржи крај на август - почеток на септември 2023 година.

СООПШТЕНИЕ ! (23.06.2023)

There are no translations available.

СООПШТЕНИЕ ! (23.06.2023)

На 20 јуни 2023 година во Хановер Германија, заврши 7. Европска олимпијада по физика. На оваа олимпијада учениците од Македонија го забележаа најголемиот успех во досегашното учество на Европската олимпијада, освојувајќи два сребрени медали и два бронзени медали.

1. Јан Стојановски, ученик во трета година во ПСУ Јахја Кемал - Скопје, сребрен медал

2. Мајкл Георгиевски, ученик во четврта година во СОУ Гимназија Добри Даскалов - Кавадарци, сребрен медал.

3. Емилија Николовска, ученичка во трета година во Математичко - информатичка гимназија - Скопје, бронзен медал

4. Матеј Гелев, ученик во трета година во ПСУ Јахја Кемал - Скопје, бронзен медал.

Во тимот учествуваше и достојно го покажа своето знаење и Дамјан Стојанов, ученик во втора година во ПСУ Јахја Кемал - Скопје.

Тимот го предводеа проф. д-р Ирина Петреска, редовен професор на ПМФ во Скопје и член на ДФРМ и м-р Христијан Кочанковски, асистент на ПМФ во Скопје и член на ДФРМ.

На 7. Европска олимпијада која се одржа од 16 до 20 јуни учествуваа 38 држави и тоа 28 држави од Европа и 10 држави надвор од Европа. Секоја од државите на олимпијадата имаше право да пријави тим од 5 ученици.

Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ) се заблагодарува на водачите на тимот кои презедоа најголем товар при подготовките на учениците, како и на дипл. инж. Гоце Геговски и проф. д-р Трифче Сандев од Институтот за физика при ПМФ во Скопје, кои исто така посветија голем дел од времето за успешна подготовка на тимот.

ДФРМ се заблагодарува на Институтот за физика и на Природно-математичкиот факултет за помошта при подготовката на тимот и отстапувањето на простор и опрема.

ДФРМ се заблагодарува на родителите на учениците, кои го презедоа најголемиот дел од финанскиот товар за учество на тимот на оваа олимпијада. Останатите средства беа обезбедени од страна на ДФРМ.

ДФРМ им честита на сите ученици за достојното претставување на Македонија на оваа олимпијада и на наградените ученици. Тие се дел од тимот кој ќе ја претставува Македонија на 53. Меѓународна олимпијада по физика во Токио, Јапонија и им посакуваме уште поголем успех следниот месец!

ДФРМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (8.06.2023)

There are no translations available.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (8.06.2023)

Првиот селекциониот натпревар за учество на Меѓународната Јуниорска Олимпијада по природни науки 2023., ќе се одржи на 03.07.2023 година (понеделник), со почеток од 10 часот на Природно - математичкиот факултет во Скопје (Горна зграда). На Селекциониот натпревар се покануваат следниве ученици кои имале најдобри резултати на Државните натпревари по физика, хемија и биологија одржани во 2023 година.

Преземи ја листата на поканети ученици

Поканетите ученици за учество на овој натпревар задолжително треба да го потврдат своето учество со испраќање на порака на следнава адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите најкасно до 26.06.2023 година (23.59). Доколку учениците не го потврдат учеството до крајниот датум ќе се смета дека нема да учествуваат на натпреварот. 

Преземи го деталното известување за Селекциониот натпревар

Со почит

ДФРМ, СХТМ, МБД

Повеќе Артикли...

Страница 1 од 12

<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>