За нас

Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), основано во 1949 година во Скопје, Р. Македонија, е организација посветена на промоцијата и напредокот на физиката во Република Македонија.

Друштвото е претставителна организација на сите кои се занимаваат со физика или некоја од сродните науки, во Република Македонија. ДФРМ се занимава со активности како што се организацијата на натпреварите по физика, Школата „Млади физичари“ и конференцијата на ДФРМ.

Најново известување

ДФРМ, СХТМ и МБД ги известуваат учениците потенцијални олимпијци кои избориле пласман за Вториот селекционен натпревар за ИЈСО 2026 дека истиот ќе се одржи во четврток на 3 септември 2026 година со почеток во 10:00 часот на ПМФ (горна зграда). Подетални информации беа дадени во соопштението за првиот селекционен натпревар.

Со почит,
ДФРМ, СХТМ и МБД

Активности

Натпревари

Друштвото на физичарите на Република Македонија е одговорно за организација на натпреварите по физика за основно и средно образование, како и селекционите натпревари за разни олимпијади.

This image has an empty alt attribute; its file name is skola-mladi-fizicari-2-1.jpg

Школа Млади физичари

Секоја година се одржува Школата „Млади физичари“ на која учениците од средните и основните училишта ги претставуваат своите експерименти.

Конференција на ДФРМ

ДФРМ на секои две години одржува конференција која опфаќа разни теми од сите области на експериментална и теоретска физика, како и образованието.


Може да ве интересира