ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (31.05.2022)
Ве известуваме дека 4. Балканска олимпијада по физика ќе се одржи на почетокот од октомври (датумот дополнително ќе биде објавен), во Никозија, Кипар. Подолу е даден списокот на поканети ученици од прва и втора година за оваа олимпијада.
Учениците треба да се подготвуваат на материјалот од прва и втора година без темата осцилации и наизменична струја во втора година. Силабусот за олимпијадата е даден на следниов линк:
https://balkanphysicalunion.info/wp-content/uploads/2019/06/Balkan-Physics-Curricula-v.2.0-final.pdf
Селекциониот натпревар ќе се одржи на ПМФ во Скопје на 9.09.2022 година со почеток од 10 часот.
Со почит
ДФРМ